Крводарителска акција во спомен на Александар Ковачевски

29.05.2013 07:52 | KumanovoNews

 Здружението на армиски и полициски ветерани, утре организира крводарителска акција во клубот “Христијан Тодоровски - Карпош“ во чест на еден од основачите, неодамна починатиот Александар Ковачевски.

Крводарителска акција во спомен на Александар Ковачевски

М-р Александар Ковачевски е меѓу првите наши членови и тој учествувал во основањето на здружението. На овој начин сакаме да му оддадеме почит. Ова ќе биде прва акција, и планираме да биде традиционална, да го носи името на м-р Александар Ковачевски - вели Киро Соларски, организационен секретар во здружението.

Сите крводарители ќе добијат благодарници за учество во акцијата. На настанот се повикани градоначалниците на Куманово и Старо Нагоричане, претседателот на Советот на Општина Куманово, пратеници во Собранието на Република Македонија.

Крводарителската акција ќе трае од 11 до 14 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk