Крводарителска акција во СВР Куманово

20.10.2016 14:50 | KumanovoNews

Во просториите на СВР Куманово денеска се оддржа редовна крводарителска акција на која полициските службеници ја докажаа својата хуманост.

Крводарителска акција во СВР Куманово

Акцијата се организира во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвен Крст. Горан Маневски самостоен инпектор од остек за превенција од СВР Куманово информираше дека досега собрани се 65 крвни единици и дека до 15 часот, според проценките се очекува крв да даруваат 80-тина крводарители.

– Акцијата е упешна задоволни сме од одѕивот на крводарителите. Ја користам приликата да ги повикам граѓаните, оние кои се уште не се, да станат дел од семејството на крводарители, а оние кои се дел да продолжат со крводарувањето, бидејќи дарувањето на крв нема штета по организамот на здрав човек, меѓутоа може да спаси нечиј живот, “-изјави, доктор Анита Божинова Петковска од Институтот за трансфузиона медицина.

СВР Куманово, традиционално организира три крводарителски акции во тековната  година, во февруари, јуни и  октовмри. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Наредната крводарителска акција, најавија од Црвен Крст Куманово е закажана за наредната недела, на која крв ќе даруваат средношколците од паралелките на албански наставен јазик од „Наце Буѓони“ и од гимназијата „Сами Фрашери“. (МИА)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk