Крводарителска акција во СВР Куманово

19.10.2017 10:36 | KumanovoNews

СВР Куманово денеска организира крводарителска акција за своите вработени.

Крводарителска акција во СВР Куманово

До 11 часот крв даруваа преку 30 полицајци и вработени во службите на полицијата. Началничката на отсекот за превенција Виолета Богдановска, вели дека до 15 часот очекуваат да соберат околу 70 единици крв.

„Денеска се одржува третата по ред за оваа година крводарителска акција за вработени во СВР Куманово и организациските единици на Регионален центар за гранични работи Север, којшто гравитира на нашето подрачје. До 11 часот 30 вработени даруваа крв, а до крајот очекуваме да се соберат од 65 до 70 единици крв. Тоа значи дека покрај тоа што сме во служба на граѓаните и ги спроведуваме законите, ние сме и хумани“, - изјави Богдановска.

Началничката вели дека за пофалба е тоа што од година во година се зголемува бројот на жени крводарители во полицијата.

Оваа крводарителска акција е последна за оваа година, а се организираат на секои 4 месеци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk