Kрводарителска акција во поранешен Хотел „Солун“

13.06.2024 15:46 | KumanovoNews

Општинската организација на ЗНАМ утре во периодот од 10 до 15 часот во просториите на Хотел „Солун“ организира крводарителска акција.

Kрводарителска акција во поранешен Хотел „Солун“

Акцијата е во редовниот календар на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвен крст- Куманово, а се организира по повод 14 Јуни- Светскиот ден на крводарителството.

Мото под кое се одвива акцијата е „Дарувај крв, спаси живот“, и се одвива трета година по ред.

„Ги повикуваме сите крводарители без разлика на политичката, етничката или верската припадност да направат хуман гест и даруваат од најскапоцената течност на светот. Досега имавме убав одѕив и голем број крводарители, во првата акција собравме повеќе од 100 крвни единици, а минатата година некаде 70 сограѓани се одѕваа на повикот. Не се сомневаме дека и сега ќе имаме успешна акција“, истакна Ненад Стојановски, еден од организаторите.

Од партијата велат дека оваа акција ќе биде традиционална.Намерата е да не се ограничуваат само на овој посебен ден, туку да ја организираат два до три пати годишно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk