„За Наше Куманово“ организира крводарителска акција во кружната сала на Комитет

22.12.2022 10:53 | Сузана Николиќ

Во  кружна сала на зградата на поренешен Комитет во тек е крводарителска акција, која ја организира Заводот за трансфузиологија и Здружение „За Наше Куманово“. Акцијата ќе треа до 16 часот.

„За Наше Куманово“ организира крводарителска акција во кружната сала на Комитет

 „Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои се во можност да се приклучат на оваа хуманитарна акција за да им помогнеме на оние луѓе на кои што им е неопходно“, повикуваат организаторите.

Здружение ја организира крводарителска акција по повод 101 година од раѓањето на истакнатиот македонски книжевник, академик Блаже Конески.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk