Крводарителска акција за роденденот на Тоше

22.01.2011 11:55 | KumanovoNews

 Здружението на граѓани „Коледари„ во соработка со општинскиот Црвен крст и Заводот за трансфузиологија во вторник на 25 јануари, по повод роденденот на Тоше Проевски организира крводарителаска акција.

Крводарителска акција за роденденот на Тоше

На акцијата е предвидено да се соберат 30 единици крв, колку години ќе наполни македонскиот ангел.

Тој ден во црквата „Свети Никола„ во 10 часот ќе се одржи панихида, а крводарителските акции ќе започне во 11 часот во клубот на коледари во населбата Карпош.

За крводарителите се обезбедени пригодни подароци, благодарници и ручек.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk