Крводарителско дружење во СДСМ

29.07.2011 13:27 | KumanovoNews

Членовите и симпатизери на СДСМ денеска масовно се одзваа на деветата, редовна крводарителска акција  што по повод 2 август се организираше во просториите на партијата.

Крводарителско дружење во СДСМ

Само еден час од почнувањето на акцијата беа соберени над 20 единици крв, а до 17 часот се очекува бројката да биде близу 100.

Овие крвподарителски акции со нетрпение се очекуваат, како повод за добро дружење и покажување на хуманоста на нашето членство.Секоја година два пати традиционално организираме, за 2 август и на Светскиот ден на крводарителите 16 март. Овој пат има голем одзив и на повидок е уште една крвопдарителска акција.Традицијата ќе продолжи, како што гледате меѓу искусните крводарители имаме и подмалдок-рече претседателката на општинската организација Снежана Захариева.

Оваа година, кум на крводарителската акција е Зоран Прокиќ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk