Kуќички за птици ќе се постават во центарот на градот

13.03.2019 08:37 | KumanovoNews

 Десетина куќички за птици ќе се постават во централното градско подрачје.

Kуќички за птици ќе се постават во центарот на градот

Куќичките ги изработија осудени лица во казнено-поправната установа Куманово во селото Кшање, а  вчера беа подарени на Центарот за култура и Техничкото училиште. Ќе се постават во централното градско подрачје за хранење на птиците, а истовремено ќе служат како прибежиште за заштита од студ.

Куќичките ги изработиле 4 осудени лица во затворската работилница за преработка на дрво.

Идејата произлезе од Центарот за култура и затворот Куманово, кои потпишаа меморандум за соработка. Минатата недела во затворот беше изведена претстава за осудените лица.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk