КУД “Карпош“ ќе настапи во Крагуевац

03.12.2012 12:06 | KumanovoNews

Играорците од КУД “Карпош“ ќе учествуваат на меѓународниот фестивал “Златен опинок“ во Крагуевац од 13 до 17 месецов.

КУД “Карпош“ ќе настапи во Крагуевац

- Се праќаа апликации, се бираа учесници и ние успеавме да си обезбедиме учество. Програмата опфаќа три настапи од по 20 минути и едно телевизиско претставување ќе имаме. Ќе учествуваат деца од 12 до 15 години. За Крагуевац заминува група од 32 наши членови и ќе гледаме да се претставиме во најдобро светло, да го промовираме градот - вели Слаѓана Стефановска, костимограф и секретар во КУД “Карпош“.

На играоците ова им е прво претставување во Крагуевац, а фестивалот се оддржува по десети пат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk