КУД“Карпош“ ќе настапи во Крива Паланка

22.08.2013 12:42 | KumanovoNews

Културно - уметничкото друштво “Карпош“ во недела ќе настапи на фестивалот “Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

КУД“Карпош“ ќе настапи во Крива Паланка

Во  програмата ни се два сплета “малешевка“ и “посеље“. Фестивалот е од ревијален карактер и е под покровителство на Општина Крива Паланка. Ова ни е второ гостување во Крива Паланка и ќе дадеме се од себе за да се претставиме како што треба - вели Слаѓана Стефановска, секретар во КУД“Карпош“.

На фестивалот ќе има ансамбли од Србија, Романија, Кипар, Турција, Белгија и Бугарија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk