Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно-уметничкото друштво „Карпош“ оваа година ќе реализира десет турнеи во странство, на кои ќе го презентира македонскиот фолклор.
Се планира посета на градови во Србија и БИХ со кои друштвото има соработка последниве години.
„Во Македонија лани настапивме во Радовиш, Крива Паланка, Пробиштип и се надеваме дека и оваа година таму ќе се претставиме. Остануваат во порграмата и Априлски денови кои ќе се одржат во Старо Нагоричане. Оваа година програмата ни е побогата, со повеќе настапи од лани“- велат од КУД„Карпош“.
Друштвото брои 120 членови од различни возрасти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk