КУД “Карпош“ слави 3 години постоење

14.05.2013 14:43 | KumanovoNews

 Културно-уметничкото друштво “Карпош“ на 25 мај, ќе слави тригодишен јубилеј со целовечерен концерт во салата Панко Брашнаров.

КУД “Карпош“ слави 3 години постоење

Ќе настапи најмалата, средната и постарата постава на друштвото со сплетови. Имаме гости од Србија, тоа е изворната група Валакојне со 30 играорци. Три години работиме, многу се докажуваме. Не застануваме тука, работиме со исто темпо  - вели Слаѓана Стефановска, секретар во КУД “Карпош“.

Ансамблот брои 68 члена и досега има реализирано 40 настапи. КУД “Карпош“ има добиено една златна плакета, гран при во Србија и три први награди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk