КУД “Карпош“ со концерт за празник на градот

13.11.2014 11:53 | KumanovoNews

Во салата “Панко Брашнаров“ на 22 месецов, културно - уметничкото друштво „Карпош“ ќе организира концерт посветен на 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово.

КУД “Карпош“ со концерт за празник на градот

На концертот гости ќе им биде друштвото “Фолклористи“ од Крива Паланка.

“Мотото ни е “Куманово и ние сме дел од тебе“. Ќе се претставиме со кумановски игри и песни. Ќе ги презентираме сите групи, бидејќи постоиме петта година, во населба Карпош имаме вкупно  170 члена, во Старо Нагоричане и во Агино Село“, - вели Слаѓана Стефановска, костимограф и секретар во КУД„Карпош“.

Почетокот на концертот е закажан за 19.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk