КУД „Панче Пешев“ гостуваше на фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Прилеп

02.07.2022 16:05 | KumanovoNews

 КУД „Панче Пешев“ од Куманово синоќа настапи на првата вечер на 48-миот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп.

КУД „Панче Пешев“ гостуваше на фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Прилеп

На Фестивалот учествуваат околу 300 изведувачи, кои со звуците на гајдата, тапанот, зурлата, тамбурата и прекрасната македонска народна песна успеаја да го задржат вниманието на многубројната публика.

„„КУД „Панче Пешев“ настапи со орото „Ецково“ во изведба на изворниот оркестар при друштвото и песната „Повали се Илија делија“, која ја изведе женската пејачка група“, информираат од друштвото.

Втората вечер на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, ќе се одржи вечерва на Рудина кај Долнени, а потоа следува доделување на наградите за најдобрите изведувачи.

КУД „Панче Пешев“ од 6 до 9 јули ќе гостува на манифестацијата „Велинградски ноќи“ на покана на Општина Велинград, Бугарија.

(Б. Ѓорѓиевски)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk