Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ минатиот викенд учествуваше на Меѓународната фолклорна смотра во Косовска Митровица.
На манифестацијата учествуваа 10 друштва од просторите на поранешна Југославија.
„Панче Пешев“ се претстави со женската игра Водарки и сплет од игри и песни Куманово. Настанот беше од ревијален карактер, а сите учесници добија пехар, плакета и фестивалско знаме.
Смотра се одржува по 25-ти пат и како јубилејна оваа година беа поканети сите досегашни добитници на ГРАНД при награди.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk