КУД „Панче Пешев“ во понеделник ќе одржи концерт во Центарот за култура во Куманово

08.06.2024 12:55 | Теодора Стоевска

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ во понеделник, со почеток од 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе одржи концерт, по повод 80-годишнината од загинувањето на Панче Пешев.
 

КУД „Панче Пешев“  во понеделник ќе одржи концерт во Центарот за култура во Куманово

На концертот ќе се претстават 110 учесници поделени во 4 ансамбли и пејачката група на КУД „Панче Пешев“, орекестарот од изворни и народни музички инстурменти и солистката Милена Митковска.

На присутните ќе им се обрати претседателот на друштвото Зоран Илиевски, како и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, а потоа учесниците ќе се претстават со сплет од игри и песни од Куманово, песни и игри од Источна Македонија, шопски игри како и со сплетот „Водарки“ и „Калајџиско“.

КУД „Панче Пешев“ постои 98 години и е најстаро друштво во државата и едно од најстарите на Балканот. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk