КУД „Српски вез„ со јубилеен концерт за 5 роденден

27.04.2018 07:51 | KumanovoNews

Културно- уметничкото друштво „Српски вез“ оваа година одбележува 5 години постоење и успешна работа.

КУД „Српски вез„ со јубилеен концерт за 5 роденден

По тој повод,  во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре во 19 часот организира јубилеен концерт. На концертот покрај сите фолклорни групи, пејачката секција и оркестарот ќе настапат и три култуно уметнички друштва од странство. Гости на минифестацијата ќе бидат културно уметничките друштва „Плетеница“ од Бијељина БиХ, „Браничево“ од Пожаревац Р.Србија и Фолклорен ансамбл „Дукат“ од Стара Пазова Р.Србија.

  Гости на концертот ќе бидат и амабсадорките на Р.Србија, Босна и Херцеговина, пратеници, градоначалникот на општина Куманово, представници од општина Стара Пазова и Трговиште, како и други гости од културниот живот во Србија и Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk