Кумани однесоа парична помош на Додевски

02.06.2016 09:33 | KumanovoNews

Претставници од навивачката група Кумани, вчера ги посетиле Александар(7) и Мартина (10) Додевски во населбата Иго Тричковиќ, при што донирале парична помош за нивно лекување.

Кумани однесоа парична помош на Додевски

„Голема бладодарнот до сите Кумани, кои донираа сретства за  лекување на моите деца. Нивната хуманост е во вистински момент и многу ни значи“, - вели мајката Јасмина Додевска.

Навивачите на дечињата им поделиле и шалчиња со нивното лого, што посебно ги израдувале.

 Александар и Мартина боледуваат од цироза на црн дроб. Поради влошена здравствена состојба на Александар му е потребна итна трансплантација, која чини над 100.000 евра. Резултатите од испитувањата се испртени во болница во Турција, од каде се чека одговор колку ќе чини операцијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk