Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва во 20 часот ќе се одржи донаторска вечер намената за социјално ранливите категории на граѓани.
На хуманитарниот настан поканета е бизнис заедницата од градот, политичари и граѓани, кои ќе можат да ја поддржат акцијата со котизација за учество во настанот, директни донации или учество во аукција на слики и фотографии, коишто ќе бидат изложени.
Собраните средства ќе бидат донирани на наши сограѓани кои имаат потреба од итна помош и поддршка: болест во семејство, старост и сиромаштија и други социјали ризици.
Програмата ќе биде збогатена со стенд ап комедија, богата музичка програма, пропратени со квиз за тоа колку го познаваат старо Куманово.
Донаторската вечер ја организира граѓанската организација Центар АктивУм од Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk