Кумановчани на карневал во Струмица

06.03.2011 13:24 | KumanovoNews

 Кумановци во вторник ќе се претстават со маските „Алиса во земјата на чудата„ и „Зомби„, кои ги изготвија учениците со своите професори од четирите средни училишта во градот.

Кумановчани на карневал во Струмица

Околу 100 кумановци, со две групни маски ќе учествуваат на Струмичкиот карневал. Кумановци во вторник ќе се претстават со маските „Алиса во земјата на чудата„ и „Зомби„, кои ги изготвија учениците со своите професори од четирите средни училишта во градот. Тие ќе се претстават во ревијалниот дел од манифестацијата.

Од пред неколку години воспоставивме одлична соработка со струмичани, кои редовно гостуваат на нашите маскенбали. Со ова и ние ќе дадеме свој придонес во збогатување на нивната програма, но и ќе стекнеме нови искуства во организирањето на карневалите- вели Жика Крстевски, раководител во секторот за култура во општината Куманово.

Минатата година учеството на Кумановски мачки од земјоделското училиштето „Киро Бурназ„, беше одлично прифатено од струмичката публика.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk