Кумановци бараат сообраќаен ред и култура

27.02.2015 10:00 | KumanovoNews

Повеќе граѓани се јавиле во МВР и преку проектот “Предложете сообраќајна контрола“, побарале полицијата да направи контрола на неколку локации во градот, поради прекршување на сообраќајните правила.

Кумановци бараат сообраќаен ред и култура

  На сајтот на МВР кумановци најмногу барања поднеле да се интервенира поради брзо возење и непрописно паркирање по улиците.

“ Граѓаните се жалат дека на улицата “Трета МУБ“ кај ресторанот “Рим Париз“ непрописно се паркирани возила, а пајак службата не презема мерки. Исто така на улицата “Трета МУБ“ кај локалитет Серава има поплаки дека непрописно се паркираат таксисти. Имаме барање за да се направи контрола на патниот правец Страцин - Куманово заради брзо возење и поради тоа што таму се случуваат многу сообраќајки. Има пријава и за непрописно паркирани автомобили на крстосницата помеѓу населбите Перо Чичо и Иго Тричковиќ, како и да се направи контрола на улиците во Иго Тричковиќ, поради брзо возење и управување возила без возачка дозвола“ - велат од МВР.

Пристигнатите пријави се доставуваат до надлежните во кумановската полиција, која треба да изврши контрола и да им достави повратна информација на пријавувачите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk