Кумановци бесплатно ќе ги пробаат најдобрите коктели во „Министерство“

03.10.2017 10:06 | KumanovoNews

Деветтото по ред издание на Вигор Бармен Куп, најстарото и најголемото коктел натпреварување во Македонија, ќе се одржи утре во кафе-барот Министерство, во Куманово.

Кумановци бесплатно ќе ги пробаат најдобрите коктели во „Министерство“

Натпреварувачите ќе се натпреваруваат во категоријата „класика“, каде се избира најдобриот и најатрактивен коктел. Натпреварот ќе биде проследен од жири во кое членуваат еминентни коктел стручњаци и шампиони од Хрватска.

Моментален шампион во „класика“ е Васил Пеевски од Скопје.

Натпреварот започнува во 9 часот наутро во среда со полуфиналето, а финалето ќе се одржи во 15 часот.

Сите коктели може да бидат дегустирани од публиката. Водител на настанот ќе биде познатиот кумановски шоумен Сашко Коцев, а публиката ќе ја забавува и диџеј Матс.

Ова е деветто издание на Вигор Бармен Куп, кој прерасна во своевидна традиција, чија основна замисла е коктел-културата да се издигне на повисоко ниво и да го заземе вистинското место во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk