Кумановци ќе пошумуваат во Стрезовце и на Спомен костурница

29.11.2016 19:59 | KumanovoNews

Општината Куманово се вклучи во одбележување на 18. по ред акција Ден на дрвото-Засади ја својата иднина.

Кумановци ќе пошумуваат во Стрезовце и на Спомен костурница

Граѓаните на Куманово утре ќе пошумуваат на две локации и тоа: во селото Стрезовце, каде учениците од средните училишта ќе засадат 90 хектари бор. Истовремено на Спомен костурницата ќе пошумуваат вработените во општината и јавните препријатија.  Акцијата во Стрезовце ќе започне во 9 часот, а на Спомен костурницата во 10 часот. Терените за пошумување ги подготвија ЈП „Македонски шуми“ и ЈП „Чистота и зеленило“.

Од Општината ги повикуваат граѓаните кои сакаат да се вклучат во акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ да дојдат и да дадат свој придонес во зачувување на животната средина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk