Кумановци читаат и во лето

07.07.2014 07:18 | KumanovoNews

И во текот на годишните одмори бројот на посетители во библиотеката не се намалува.

Кумановци читаат и во лето

Над 180 читатели дневно ја посетуваат Градската библиотека “Тане Георгиевски“ за зајмување на книги или користење на литература од библиотечните фондови.

- На одделот за возрасни има над 100 посетители дневно и тука имаме многу поширок асортиман на услуги, а на одделот за деца има 60 до 70 посетители. Воопшто не се чувствува осцилација во бројот на посетителите, но има разлика во изборот на книги.  Помалку се земаат лектири, а најмногу се бара белетристика. Многу се читаат трилери, љубовни романи, македонски романи, литература за забава и разонода, психолошки книги - вели Нада Ивановска, директор на библиотеката.

Таа додава дека за десетина дена ќе бидат набавени нови наслови од последниот саем на книга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk