Кумановци денеска имаа висок притисок

07.04.2012 14:41 | KumanovoNews

 По повод Светскиот ден на здравјето, Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом Куманово, денеска на граѓаните бесплатно им мереа шеќер и холестерол во крвта, и крвен притисок.

Кумановци денеска имаа висок притисок

Голем број на граѓани се заинтересираа за нашата акција. Имавме над 100 пациенти, така да сметам дека акцијата е повеќе од успешна. На граѓаните им мериме притисок, гликемија и холестерол во крвта. Повеќето од нив имаа зголемен крвен притисок, додека за холестерол и гликемија се гледа дека е регулиран затоа што веќе примаат терапија. Сите кои имаат покачен притисок им дававме совет како да го снижат и да се јават кај нивниот матичен лекар- вели Валентина Тодоровска-Трајковска докторка во Итната медицинска помош.

 Ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период, како во градските така и во руралните подрачја.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk