Кумановци фатени со марихуана во Желино

11.09.2018 08:48 | KumanovoNews

Четворица млади кумановци, синоќа биле откриени со марихуана на наплатната станица „Желино“.

Кумановци фатени со марихуана во Желино

Во 23.30 часот, полициски службеници сопреле патничко возило „Форд Ескорд“ со кумановски регистарски ознаки, во кое се наоѓале момчиња на возраст од 15 до 20 години, сите од Куманово.

По извршениот преглед, под предното совозачко седиште била пронајдена најлонска кеса во која имало околу 400 грама марихуана.

Лицата се однесени во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk