Кумановци и синоќа маршираа „За заедничка Македонија“

11.04.2017 08:17 | KumanovoNews

Кумановчани и синоќа дадоа поддршка на протестот „За заедничка Македонија“.

Кумановци и синоќа маршираа „За заедничка Македонија“

Граѓаните тргнаа од соборниот храм „Свeти Никола“, поминаа низ централните градски улици и завршија во центарот на градот, на улицата пред јарболот каде што се вее македонското знаме.

Учесниците ја испеаја Македонската химна, а говорниците упатија пораки да се зачуваат уставот на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, да не се менуваат химната и знамето, да не се менува јазикот и се што ја чини, како што рекоа, суштината на унитарна Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk