Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци синоќа и дадоа поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која се одржува 67 дена.
Граѓаните тргнаа од пред спортската сала, поминаа низ централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
На присутните им се обрати Биљана Димитриевска, која нагласи дека Македонија одбележува 114 години од смртта на големиот револуционер Гоце Делчев, идеолог, организатор и водач на македонската револуционерна организација и затоа маршот му го посветуваат нему.
Протестаните побараа нови избори и отфрлање на Тиранската платформа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk