Кумановци истепани во Скопје

26.01.2010 15:10 | KumanovoNews

Двајца браќа од Куманово, ноќеска биле претепани во нивниот стан под кирија во населбата Аеродром, Скопје. Според полицијата, тројца напаѓачи дошле во станот околу полноќ и без причина почнале да ги тепаат. 


Кумановци истепани во Скопје

 Едниот од нив  се закнувал и дека ќе ги убие, откако ги удирал со кундакот на пиштолот што го носел со себе. Напаѓачите  по тепачката побегнале. Повредените момчиња биле пренесени во Ургентниот центар каде им биле санирани повредите. Полицијата трага по насилниците, а како мотив за нападот се претпоставува дека е љубовна врска со поранешна девојка на еден од напаѓачите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk