Кумановци ја потврдија својата хуманоста

11.06.2014 08:18 | KumanovoNews

Големата сала на Центарот за култура Трајко Прокопиев, синоќа беше претесна да ги прими сите граѓани кои дојдоа да присуствуваат на хуманитарниот концерт за полавените подрачја во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Кумановци ја потврдија својата хуманоста

На едночасовниот концерт настапија културно уметничките друштва Срма, Српски вез и Ѓоко Симоновски, пејачките Маргица Антевска и Гордана Кузмановска, Стефче Стојковски и етно групата Тоска и групата Милениум.

Овој концерт покажа дека кумановци се хумани луѓе и секогаш се расположени да помогнат, особено во најтешките моменти на нашите соседи. На наше големо изненадување вечерва се бараше карта повеќе и салата беше преполна. Цената на билетот беше симболична од 100 денари и собраните сретства ќе бидат уплатени за помош на поплавените подрачја. Презадоволни сме и од настапот на уметниците и од посетителите кои дадао свој придонес акцијата да биде успешна- изјави Горан Зафировиќ, претседател на Српската заедница во Куманово.

Од Српската заедница најавуваат дека акциите за помош на поплавените ќе продолжат и во наредниот период, и сите граѓани можат да се вклучат во нив, како што тоа масовно го правеа и во изминатиот период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk