Кумановци ја презентираа македонската кујна во Латвија

20.08.2015 13:23 | KumanovoNews

Четворица кумановци беа дел од група, која преку невладината организација ЦЕД од Теарце, и преку програмата “Еразмус +“ десет дена престојуваа во Латвија каде ја презентираа македонската култура и традиција.

Кумановци ја презентираа македонската кујна во Латвија

Кумановци заедно со по еден учесник од Тетово и од Скопје, во Рига ја презентираа нашата кујна и воопшто земјата.

“Од храна презентиравме ајвар, ракија, локум. На другите учесници по презентацијата многу им се смени мислењето за Македонија. Тие мислеа дека Македонија е многу загадена земја. Зборувавме и за медиумите, какво влијание имаат врз луѓето. Целта на посетата беше да ги развиеме нашите креативни вештини“- рече Мирлинда Реџепи, учесник на размената.

На размената имаше млади од Грција, Романија, Полска, Македонија и Латвија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk