Кумановци криумчареле мигранти

16.05.2011 15:33 | KumanovoNews

Осум кумановци се притворени под сомение дека криумчареле мигранти во западноевропските земји. Полицијата поднесе кривична пријава против осуммината на возраст од 21 до 40 години.

Кумановци криумчареле мигранти

Пријавените на почетокот на годината со криминални групи од Грција и Србија организирале илегално префрлање и транспорт на мигранти од Блискиот и Далечниот Исток и од земјите од Африка.

Мигрантите по влезот во Македонија биле прифаќани од криминална група во Битола од каде биле транспортирани до Куманово, а потоа по нелегални премини до Србија.

Четворица од приведените биле фатени со возило со седум мигранти од Мароко кои биле прокриумчарени од Грција со цел преку Србија да бидат пренесени до западноевропските земји.

До сега, преку овој канал биле прошверцувани 78 мигранти. За еден мигрант криминалците земале од 1.500 до 2.500 евра, а до сега осуммината Кумановци се стекнале со 150.000 евра.

Полицијата изврши претреси во осум објекти во Куманово при што се пронајдени и одземени шест патнички возила што биле користени за превозот на мигрантите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk