Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на Куманово во оваа грејна сезона ќе изгорат 13.000 кубици дрва, кои ги купиле во подружницата на Шумско стопанство Куманово.
Повеќето од нив ги искористиле попустите кои важеле до крајот на септември за да се снабдат со огревно дрво.
“Околу 80 отсто од граѓаните ја искористија можноста која ја даде Владата да се купат дрва со попуст, и тоа 15 отсто за социјалци и 10 отсто за другите граѓани. Количината на продадени дрва е слична како лани. Најголем интерес имаше за бука и за даб, бидејќи овие дрва се најдобри за затоплување“ - кажа Ваит Саити, директор на Шумско стопанство Куманово.
Мал дел од граѓаните допрва нарачуваат дрва за претстојната грејна сезона.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk