Кумановци купуваат дрва за претстојната зима

24.08.2015 12:08 | KumanovoNews

Кумановци купуваат дрва за претстојната зима, потврдуваат од „Шумско стопанство“ Куманово.

Кумановци купуваат дрва за претстојната зима

Оттаму велат дека во август и септември е ударно и има најголема побарувачка на дрва, а граѓаните најмногу купуваат бука.

Купуваат по 7-8 кубици дрва зависно од тоа колку члено е семејството. Цената е иста како лани 2371 денар за кубик. Кај нас има навалица бидејќи сме поефтини од приватните трговци - вели Ваит Саити, директор на „Шумско стопанство“.

Дел од граѓаните веќе купиле, а дел допрва ќе набавуваат дрва за огрев.

Се грееме секоја година на дрва. За оваа сезона купивме седум кубици и од лани имаме еден. Би требало да ни стигнат за четиричлено семејство, зависи каква ќе биде зимата - рече Маја Димитровска, граѓанин.

Од „Шумско стопанство“ велат дека имаат доволно дрва за потребите на населението од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk