Кумановци купуваат половна гардероба

22.01.2013 11:32 | KumanovoNews

Неколку Секонд Хенд продавници во градот нудат облека што претходно била употребувана.

Кумановци купуваат половна гардероба

Граѓаните се почесто купуваат гардероба која е користена. Оние со поплиток џеб ги посетуваат продавници Секонд Хенд (Second Hand)  и купуваат алишта кои претходно биле употребувани. Се работи за гардероба која се увезува од странство, меѓу која има и маркирани парчиња.

Ова е гардероба од данско производство. Граѓаните доаѓаат, купуваат штом ќе видат оглас дека има нешто по 120, 200 денари. Треба да има повеќе вакви продавници за земји каде народот е сиромашен, економски исцрпен. На декларациите на облеката пишува дека е од втора употреба. Ако некој не може да купи блуза од 1500 денари, ќе купи за 200 денари. Такви се околностите и луѓето се прилагодуваат. Ние работиме скоро една година, не можам да кажам дека има турбо работа, но сепак опстануваме, добро е - вели еден од продавач.

Во друга продавница објаснуваат дека кај не купуваат само сиромашните, туку и богати луѓе, главно жени кои сакаат да имаат брендирана гардероба.

Тие најчесто бараат облека, чанти, паричници од втора употреба од познатите модни куќи. Облеката е поефтина и наместо неколку илјади денари, чини неколку стотина денари. Доаѓаат и помлади и постари луѓе да купуваат.  - објаснува сопственик на продавница.

Граѓаните велат дека некогаш и од љубопитство влегуваат да видат што се нуди по ниски цени.

На некои парчиња облека пишува, а на некои не дека се од втора употреба. Јас лично и моите ќерки не купуваме. Сметам дека таа гардероба е евтина, но неквалитетна.  Јас попрво ќе платам поскапо, ама сакам квалитет. Има многу луѓе се прелажуваат заради евтините цени, а не гледаат дека тоа е неквалитетно - изјави Маријана Николовска од Куманово.

Има и такви кои сметаат дека половната облека е добро сочувана, дека се работи за алишта кои се 2-3 пати облечени и хемиски третирани пред повторно да се продаваат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk