Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девет лица од Куманово, Скопје, Тетото и Косово, претпладнево се изгубиле на Попова Шапка, поради што во потрага се вклучила полицијата
Двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во 10.30 часот во СВР Тетово пријавиле дека се изгубиле.
Тие се искачиле да скијаат во близина на новиот ГЕ ски-лифт, но поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, не знаеле каде точно се наоѓаат.
„Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем Турс“ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон. Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени“, соопштува МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk