Кумановци мераклии на нелегално оружје

25.02.2014 15:37 | KumanovoNews

Жителите на кумановско се на второ место по бројот на запленети нелегални пиштоли.

Кумановци мераклии на нелегално оружје

Во регионот што го покрива СВР Куманово, минатата година отпаѓаат 12 проценти од вкупната заплена на нелегално оружје. Пред нас е само Скопје со 23 проценти, додека другите населени места учествуваат со многу помал процент. Граѓаните кај кои е пронајдено нелегалното оружје се правдале дека го набавиле заради лична безбедност и сигурност.

Третина од запленетото нелегално оружје во земјава отпаѓа на пиштоли. Од 185 парчиња оружје: 59 се пиштоли, 30 ловни пушки, 20 полуавтоматски пиштоли, 17 автоматски пушки, 15 револвери, 14 рачни бомби, шест рачни ракетни фрлачи, како и 10.769 парчиња муниција, 19 пакувања експлозив, 111.404 разновидни петарди и др.

Против 237 сторители се поднесени кривични пријави за „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. Лани за разлика од претходно имало за 15 отсто повеќе откриени случаи на држење нелегално оружје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk