Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ и основното училиште „Крсте Мисирков„ ќе го претствуваат североисточниот регион на државниот натпревар по противпожарна заштита во Неготино.
На квизот што вчера се одржа учествуваа победниците од општинските натпревари од Куманово, Кратово, Пробиштип и Свети Николе.
-Оваа година на државното натпреварување ќе учествуваат кадети и јуниори од Општинскиот противпожарен сојуз Куманово, кои ќе го претставуваат нашиот регион. Учениците покажаа солидно знаење и освоија најголем број на бодови.Државниот натпревар ќе се одржи на 14 декември во Неготино, - изјави Часлав Јовановиќ, секретар на ОПС Куманово.
Победниците добија дипломи и награди компутерска галантерија.
На натпреварот присуствуваат претставници на локалната самоуправа, Дирекција за заштита и спасување, Општинскиот противпожарен сојуз и Противпожарен сојуз на РМ. Натпреварот по противпожарна заштита се одржува по 32 пат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk