Кумановци најмогу се жалат на работата на судот

11.07.2011 08:42 | KumanovoNews

 148 преставки поднеле граѓаните до Народниот правобранител во Куманово во првите 6 месеци од годината.Најголем дел од поплаките се однесаат на правосудството, потрошувачките права и полицијата.

Кумановци најмогу се жалат на работата на судот

Правосудството е сеуште на прво место без конкуренција, додека во работата на полицијата има подобрување. Во текот на минатат година имавме 27 преставки на работата на полицијата, а оваа година само 7. Тука не се опфатени граѓанските постапки како што се вадење на државјанства,престој, патни испарви, лични карти и други слични работи- вели Насер Весељи, заменик народен правобранител.

Тој објаснува дека енормно зголемување на преставки има во остварувањето на потрошувачките права, пред се на големи сметки од Телеком, работата на некои јавни претпријатија , наплаќање на комуналната такса за осветлување во општината Старо Нагоричане и други поплаки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk