Кумановци не купуваат органски мед

20.08.2015 15:23 | KumanovoNews

Кумановци не купуваат органски мед и бројот на пчелари кои произведуваат органски мед е видно намален, потврдуваат од пчеларско здружение “Пчела“.

Кумановци не купуваат органски мед

Органскиот мед е здрав, произведен без хемиски препарати, но поради неинформираност и повисоката цена, граѓаните не го купуваат.

Само неколку пчелари во Куманово се занимаваат со органско производство на мед. Органскиот од другите видови на мед треба да биде најмалку 100 денари поскап. Овој мед се произведува на природен начин, дури ни шеќер не се става на пчелите. Органското производство си бара работа, има расходи, а нема приходи и затоа многумина се повлекоа - вели Бранко Тасевски, претседател на „Пчела“.

За органско производство потребно е да се има сертифицирани пчелни семејства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk