Кумановци не можат да здивнат од комарци, Општината најави уште една терестичка дезинсекција

03.09.2020 16:10 | KumanovoNews

Граѓаните се жалат дека има наезда од комарци во одредени делови на градот и досегашното авионско и терестичкото прскање не дало резултати.

Кумановци не можат да здивнат од комарци, Општината најави уште една терестичка дезинсекција

„Комарците не` изедоа, не знам веќе кај да се жалиме да се прска теренски, авионски не дава резултати. Не` изедоа живи, не се излегува од двор, врие од комарци“, се жали еден граѓанин, кој живее во пределот над Зелениот пазар во Куманово.

Од Oпштината велат дека согласно временските услови во текот на овој месец е планирана уште една терестичка дезинсекција за  уништување на возрасните форми на комарци.

„Општина Куманово во текот на овој месец ќе изврши терестичко пркање против комарци, на целата територија на општината. Најверојатно во текот на следните 10 дена, согласно временските услови“, изјави Гордан Таневски од Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово.

Сомневањата на граѓаните дека не се прска со ефикасни препарати тој ги отфрла, и тврди дека прскањето се извршува со соодветно средство, одобрено од Министерството за здравство.

Последното авиозапрашување и терестична дезинсекција против комарци Општина Куманово ги спроведе пред околу две недели.

Во Општина Куманово досега се извршени пет авионски и четири теристички прскања против комарци.

(Ф.Марковска)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk