Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Цената на електричната енергија од денеска се зголемува за 3,5 одсто.
Граѓаните на Куманово се незадоволни од поскапувањето на струјата. Тие велат дека новата цена на струјата ќе биде дополнителен товар за тенкиот семеен буџет.
- И сега се сметките големи, а со ова покачување ќе бидат уште повисоки. Порано сметките редовно си ги плаќав, а лани и годинава ми заостануваат. Потрошувачката е иста, бројот на вклучени машини е ист, а наместо 1100 како порано сега плаќам по 2800 денари. Имам фрижидер, шпорет, компјутер, бојлер, тоа што секое семејство го има, - вели Каролина Бојковска.
И останатите граѓани велат дека стандардот е лош, платите мали, а давачките постојано се зголемуваат.
- Штедиме, готвам на плин, но зимно време се грејам на термо, бидејќи живеам во зграда. Перам на ефтина струја и последната сметка ми беше 1800 денари, а за јули сигурно ќе биде над 2000 денари и тоа е премногу. Тие што се двајца вработени ќе издржат, ама ние со една плата и заработка на процент многу тешко - рече Јулијана Костадиновска.
Струјата поскапува заради зголемени трошоци на енергетските компании. Економистите предупредуваат дека поскапувањето на струјата ќе придонесе за зголемување на цените на другите производи и услуги во државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk