Кумановци незаинтересирани за акцијата “Се грижиме за топол дом“

19.08.2013 12:00 | KumanovoNews

Само еден донатор од Куманово се јавил за акцијата “Се грижиме за топол дом“ и се понудил да донира облека за социјално загрозените.


Кумановци незаинтересирани за акцијата “Се грижиме за топол дом“

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека има 65 баратели на помош од Куманово, а досега ниту една донација не е реализирана бидејќи со општината сеуште не е склучен меморандум за соработка.

Акцијата “Се грижиме за топол дом“ ја спроведува ресорното министерство во соработка со општините и Црвен Крст со цел социјалците да добијат мебел, покуќнина, бела техника, облека, опрема за деца која ќе можат да ја користат. Донациите ќе бидат наменети за лицата кои се евидентирани во Центрите за социјална работа и примаат парична помош од државата.

Граѓаните кои ќе добијат донација, во следните три години немаат право на ваква помош.

Оние кои сакаат да донираат или да добијат помош треба да се јават не бесплатниот телефонски број 0800 55 800.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk