Кумановци незаконски ископувале песок во кратовско

27.06.2014 11:26 | KumanovoNews

Двајца кумановци минатиот месец незаконски ископувале песок во атарот на кратовското село Коњух.

Кумановци незаконски ископувале песок во кратовско

Н.К.(33) и К.М.(67), двајцата од Куманово на две локации во место викано Долна Река во близина на селото Коњух, без концесија и без дозвола ваделе песок. Минатиот месец, додека го превезувале песокот во селото Ругинце ги стопирале полицајци, при што Н.К. ја отворил задната страна од приколката на камионот и истурил песок на патот пред полициското возило.

Н.К. ќе одговара за предизвикување општа опасност и спречување службено лице во вршење на службено дејствие и заедно со К.М. ќе одговараат за незаконска експлоатација на минерални суровини.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk