Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца кумановци ограбиле тројца мигранти од Авганистан кои сакале нелагално да ја поминат македонско-српската граница.
Разбојништвото се случило во петокот попладне кога Б.С.(22) и С.С.(26) со уште неколку лица од Куманово ги пресретнале Авганистанците, по што почнале да ги тепаат и им одзеле 130 евра.
Истражен судија од Кумановскиот суд на Б.С. му е одредил мерка притвор во траење од 30 дена, а на С.С. домашен притвор во траење од 30 дена.
Тие ќе одговараат за сторено кривично дело „разбојништво“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk