Кумановци ограбиле Сиријци во Стариот парк

18.05.2015 11:39 | KumanovoNews

Група од петмина насилници пред три дена ограбиле двајца Сиријци во градскиот парк во Куманово.

Кумановци ограбиле Сиријци во Стариот парк

Околу 19 часот насилниците ги нападнале мигрантите М.А.(25) и Б.А.(17),  при што од нив одзеле 500 евра, рачен часовник и гардероба.

Кумановската полиција го привела кумановецот Б.А.(20), а втор осомничен е С.А.(26), додека по тројца разбојници уште се трага. Кај Б.А. е најден рачниот часовник,  и против него е поднесена кривична пријава за разбојништво, а истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР соопшти дека мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk