Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановци останаа верни на “Екстра меин“, и покрај тврдењата дека во оваа фабрика за преработка на месо е пронајдена бактеријата листерија.
По пауза од еден месец, пред дваесетина дена фабриката почна со редовното производство, а продавниците беа повторно отворени. Редовните муштерии се вратија, и без страв ги купуваат нивните производи, сигурни дека е производител со проворен квалитет. Секојдневно во продавниците на „Екста меин„ се чека ред да се купи салама, вирши, шунка, колбаси, свински врат, сланина и многу други производи.
“ Купувам од „Екстра меин„ затоа што имаат квалитетни производи, широк асортиман по пристапни цени. Не верувам дека во производите има листерија, бидејќи ако беше така, тогаш граѓаните на половина Куманово, Врање, Бујановац и Прешево досега ќе умреа.“- вели С.А..
Во фабриката секој ден има ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство кој го проверува секој лот што ќе излезе од производството.
„Екста меин„ важи за сериозна фирма која има долга традиција и квалитет во преработката на месо и месни производи. Покрај граѓаните на Куманово производите на „Екстра меин„ постојано ги купуваат и жителите на Јужна Србија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk