Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Двајца кумановци во продавница платиле со фалсификувана банкнота, а продавачката ги примила парите без да ги провери.
И.А.(35) и Г.М.(41) лани набавиле фалсификувани 100 евра, по што заминале да ги потрошат во продавницата “Алми Трејд“ во село Драгоманце. Е.М.(25) која работела како продавачка спротивно на Законот за девизно работење ја примила банкнотата за што кривично ќе одговара.
И.А и Г.М. кривично ќе одговараат за „фалсификување пари“ и против Е.М е поднесена пријава за „недозволена наплата или исплата во ефективни странски валути“ од Законот за девизно работење на РМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk