Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните на Куманово, синоќа по деветти пат маршираа за иницијативата „За заедничка Македонија“ и ги повторија пораките за зачувување на унитарноста на државата, против двојазичноста и промена на Уставот.
Маршот започна од пред црквата „Свети Никола“, по улиците Октомвриска револуција и Иво Лола Рибар, заврши пред Центарот за култура.
На присутните им се обрати Зоран Петрушевски, член на ГРОМ, кој ги повика присутните да ги поздрават лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Груевски и претседателот на државата Ѓорге Иванов, кои, како што рече, понудиле решенија за кризата.
„Ги повикувам сограѓаните од албанската етничка заедница да ни се придружат во борбата за Македонија. Македонија е нивна мајка,- рече Петрушевски.
Тој побара од учесниците на протестот да ги поздрават и сограѓаните кои на последните избори биле излажани, па сега им било непријатно, и ги повика да се откажат од нивните лидери.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk