Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 1600 кумановски семејства, голем број фирми, навивачи, невладини организации, политички партии, училишта и граѓани од Куманово донирале за помош на поплавените подрачја во Србија и БИХ, соопштиа од координативното тело за помош на Србија и БИХ.
Поголем дел од помошта веќе е испорачана до загрозените граѓани, а дел допрва ќе се испорача.
- Два шелепера отидоа за Обреновац со 35,5 тони вода и 150 кг средства за лична хигиена, 400 парчиња заштитни маски за еднократна употреба, 250 пара нови чевли. Првите два шлепера отидоа за Обреновац, а третиот кој се состоеше од вода отиде за Општина Јагодина. Средставата за транспортот за првите два ги обезбеди општината и Советот на Општина Куманово, а за третиот месна заедница од Којнаре, но се вклучија и некои наши членови - изјави Александар Крстевски, претседател на координативно тело за помош на Србија и БИХ.
Тие се заблагодарија за логистичката помош од Општина Куманово, “Водовод“, на сите кои се одзваа на повикот и помогнаа. Ветија дека на волонтерите на Црвен Крст кои учествуваа во акцијата ќе им доделат благодарници.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk